Најтрофејниот македонски клуб Вардар загуби со 2-1 на гостувањето во Велешта и се уште е далеку од формата која треба да го одведе на врвот од Втората лига Запад. Младиот Иван Николов го доведе Вардар во водство во 37.минута, но Велешта славеше со пресврт во вториот дел. Во финишот вардарци ја погодија гредата, но не успеаја да израмнат.
Мирлинд Даути во 54.минута го израмни резултатот, а Нијас Лена од пенал во 62.минута се погрижи за комплетен пресврт.
Силекс ја совлада Воска Спорт со 2-0 во Кратово. Тимот на Горазд Михајлов и понатаму има максимален ефект од стартот на сезоната. Антонио Каланоски донесе водство уште на самиот старт, а Ѓорѓи Танушев го потврди триумфот во 90.минута.
Тетекс оствари триумф на гости (0-1) против Охрид Лихнидос со голот на Нинослав Здравковски во 38.минута.
Кадино и Гостивар ремизираа без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













