Connect with us

Втора лига Запад: Силекс сака и шести триумф, Вардар мора да го освои Кадино

Силекс е неприкосновен лидер во Втората лига Запад, а кратовци сакаат и шести триумф во низа за да потврдат дека се главни фаворити за освојување на првата позиција и враќање во елитата. Тимот на Горазд Михајлов ја пречекува Велешта и ќе се обиде да стигне до нови три бода.

Вардар е пред императив да мора да победи на гостувањето кај Кадино ако сака да држи приклучок со врвот. „Црвено-црните“ загубија многу бодови, имаше и смена на кормилото, па сега составот на Никола Глигоров едноставно нема друг избор освен да ги нападне трите бода.

Охрид Лихнидос на домашен терен го пречекува Кораби, Тетекс ќе биде домаќин на Гостивар, а Воска Спорт и гостува на Беса.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови