Силекс неприкосновено го чува го врвот во Втората лига Запад, а денеска ќе биде на големо искушение со гостувањето кај Тетекс. Ќе биде тоа посебен меч за тренерот Горазд Михајлов кој во минатото беше на клупата на „текстилците“ и има убави спомени.
Вардар има нов тренер, Никола Глигоров, кој го наследи Горан Симов по слабиот старт на „црвено-црните“, а огненото крштевање ќе го има против Беса на стадионот во Маџари.
Гостивар на домашен терен го пречекува Охрид Лихнидос, а Воска Спорт ќе има дуел против Велешта. Во Дебар, Кораби ќе биде домаќин на Кадино.
Натпреварите почнуваат во 15 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













