Силекс е на врвот на табелата во Втората лига Запад со максимални девет бода по три кола, а има намера да остане таму и по денешниот дерби дуел против Воска Спорт во Кратово. Тимот на Горазд Михајлов покажа дека има голем квалитет за ова второлигашко друштво, но и Воска набрзина состави респектабилен тим кој се надева дури и на влез во елитата. Сепак, тимот на Раде Цицмиловиќ по поразот од Вардар ќе треба сега да покаже многу повеќе на гостувањето во Кратово.
Вардар влезе во победнички ритам, а денеска има мисија да освои три бода на гости против Велешта. Нема да биде ова лесно гостување, со оглед дека домашниот тим се засили со Нијас Лена и со Стојанче Велинов ова лето.
Охрид Лихнидос на домашен терен го пречекува Тетекс, Кадино е домаќин на Гостивар, а Беса ќе игра против Кораби.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













