
Воска Спорт и Гостивар беа сигурни и ги чуваат позициите кои водат во Првата лига, а Вардар ги следи откако славеше против Беласица со 0-1.
Воска Спорт го победи Арсими со 3-1, а веќе на полувремето оствари предност од два гола со погодоците на Демири и на Фета. Во вториот дел Фета уште еднаш ја погоди мрежата на противникот.
Гостивар го победи Охрид со 3-0. Емран Рамадани и Антонио Каланоски брзо донесоа водство од 2-0, а потоа погоди и Виктор Крстевски.
Вардар доби пенал во 83.минута, со кој успеа да стигне до три бода против Беласица. Реализатор беше Николовски.
Беса го победи Детонит Плачковица со 3-0, а Тетекс славеше против Пелистер со 2-1. Христијан Кировски постигна гол во судиското продолежение кое траеше цели 15 минути. Претходно, Давид Спасовски во 43.минута го доведе Тетекс во водство, а израмни Бобан Здравевски во 90.минута.
Локомотива Пехчево беше убедлива против Пехчево (3-0), додека Слога Виница го победи Кожуф со 2-1. Каменица Саса немаше проблеми против Борец (4-1).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski