
Воска и Гостивар одиграа без голови 0-0 на дербито од 20. коло во Втората фудбалска лига. Борбен натпревар во кој сепак ниту еден тим не сакаше да загуби на дуелот во Охрид.
Ова му дава шанса на Вардар со евентуален триумф утре над Караорман да се одлепи на врвот на табелата.
Пелистер е одличен оваа проелт и сериозно се наметнува како кандидат за пласман во елитата.
„Зелените“ славеа со 3-0 против Охрид, а стрелци на головите беа Китановски, Фазлиу (Ѓорѓиески а.г.) и Спиркоски.

Беласица оствари триумф од 2-0 против Каменица Саса, додека Детонит Плачковица славеше минимално на гости кај Арсими со 0-1. Кожуф одигра реми со Борец, 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
