Најтрофејниот македонски клуб Вардар ја пречекува Воска во дербито на десеттото коло од Втората фудбалска лига. Дуелот се игра на „Железарница“ во 13.30 часот, а „црвено-црните“ посакуваат триумф за враќање на првата позиција на табелата.
Навивачката група „Комити“ повика на масовност за поддршка на својот клуб.
„Ни следи дерби натпревар од кој во голема мера ќе зависи понатамошниот терк на сезоната. Борбата за тронот започнува во 13:30ч, на стадионот во Автокоманда. Продукција Запад е спремна и те повикува“ – се вели во повикот на „Комитите“ за денешниот натпревар.
Главен судија на мечот ќе биде Александар Ставрев.
Гостивар ќе биде гостин кај Кожуф во Гевгелија а Пелистер на домашен терен ја пречекува Беласица.
Охрид е домаќин на Каменица Саса, а Детонит Плачковица ќе игра против Локомотива.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 10.КОЛО (денеска, 14 часот)
ВАРДАР – ВОСКА (13.30 ч.)
КОЖУФ – ГОСТИВАР
ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА
АРСИМИ – БЕСА
ОХРИД – КАМЕНИЦА САСА
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ПЕХЧЕВО
БОРЕЦ – КАРАОРМАН
ТЕТЕКС – СЛОГА ВИНИЦА (недела, 14 часот)
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski