Најтрофејниот македонски клуб Вардар сака да ја задржи предноста на врвот на табелата во Втората лига и затоа ќе атакува на триумф и нови три бода на денешниот меч против Локомотива Пехчево. Поради суспензија на теренот, Локомотива ќе игра како домаќин во Кичево.
Вчера Гостивар убедливо ја победи Слога Виница со 5-0, а дербито меѓу Воска Спорт и Пелистер е одложено за в среда поради политичката средба Вучиќ – Курти во Охрид.
Детонит Плачковица ќе биде домаќин на Охрид, а Каменица Саса го пречекува Тетекс. Караорман ќе се сретне со Кожуф, додека Борец ќе ги одмери силите со Арсими. Натпреварите почнуваат од 15 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













