
Пелистер на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола го пречекува лидерот Воска Спорт во дербито на шестото коло од Втората фудбалска лига. Двата тима имаат амбиции за пласман во елитата, а битолчани се пред императив за трите бода поради домашниот терен. Воска Спорт засега е непоразен тим во второлигашката конкуренција.
Вардар и Гостивар имаат релативно полесни задачи.
Вардарци ќе играат против Локомотива и очекуваат сигурен триумф, но ќе треба фаворитската улога да ја оправдаат и на терен. Гостивар гостува во Виница, а домашниот тим на Слога има и финансиски проблеми поради кои мотивацијата во тимот и не е на највисоко ниво.
Аресими е фаворит во Чегране против Борец, а Тетекс на домашен терен ја пречекува Каменица Саса. Беласица и Беса ќе имаат интересен дуел во Струмица.
Натпреварите Кожуф – Караорман и Охрид –Детонит Плачковица се одложени, тие ќе се играат на 12 октомври.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 6.КОЛО (денеска, 15 ч.)
Пелистер – Воска Спорт
Вардар – Локомотива
Слога Виница – Гостивар
Беласица – Беса
Тетекс – Каменица Саса
Арсими – Борец
Кожуф – Караорман (12.10.2022)
Охрид – Детонит Плачковица

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
