
Македонија ЃП одигра само 1-1 против Саса на домашен терен иако важеше за голем фаворит. Славков донесе предност за „лавовите“, но Таневски со гол во 55. минута од натпреварот успеа да донесе бод за гостите од Македонска Каменица.
Брегалница иусто така одигра 1-1 против Осогово во Штип. Иван Галевски погоди за штипјани, но Марио Симоски со погодок пред крајот им донесе реми и еден бод.
Аресими сега се приклучи на тандемот, откако го победи Новаци со 1-0 со голот на Шефит Шефити.
Кожуф забележа важна победа над Вардар Неготино (3-2) и исто така е на врвот. Грозданоски, Најденов и Гугуљанов беа стрелци за тимот од Гевгелија, а Тодоров и Павлески погодија за Вардар Неготино.
Борец го победи Вардарски со 3-1, промената на тренерската позиција даде резултат. Османи, Петров и Манасиев беа стрелци за велешани.
Башкими триумфираше против Охрид со 1-0, со голот на Арљинд Хасани во 92. минута.
Детонит Плачковица славеше против Скопје со 1-0, со голот на Стефан Бабунски.
Беласица и Победа ремизираа 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Интернационалци
Стефан Ристовски потпишува за Сараево

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по Бењамин Шешко

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку
