Македонија ЃП и Брегалница, кои важат за фаворити, успешно ја стартуваа сезоната во Втората лига.
„Лавовите“ славеа на домашен терен во Ѓорче Петров со 2-0 против Охрид Лихнидос. Крсте Велкоски од пенал и Симеон Христов во вториот дел го скршија отпорот на гостите и донесоа триумф.
Брегалница со 2-1 ја совлада Побeда. Штипјани поведоа со голот на Иван Глигоров во 20. минута, a Абази во 53. минута зголеми на 2-0. Дамјан Ангелкоски во 67.минута беше стрелец за Победа.
Арсими со 4-2 ја победи Беласица, а Вардар Неготино на гостински терен славеше против Осогово со 1-2.
Кожуф и Каменица Саса ремизираа 2-2, а идентично беше и на мечот меѓу Скопје и Вардарски на „Автокоманда“.
Новаци го изненади Детонит Плачковица во Радовиш и оствари триумф од 2-4.
Борец и Башкими ќе го одиграат својот натпревар од првото коло на 20. август.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski