Слога Виница е единствениот тим со максимални три победи во Втората лига Исток. Виничани остварија триумф (1-2) на гости против Локомотива и со девет бода се на врвот на табелата. Бојан Иванов го отвори резултатот во петтата минута, а Халил Бериша пред одморот зголеми на 0-2. Домаќинот во второто полувреме само успеа да намали од пенал преку Џемал Ибрахимовиќ.
Дербито меѓу Победа и Каменица Саса заврши без победник (1-1). Филип Стомнароски донесе предност за
Победа во 56.минута, а Филип Димоски во 84. минута се погрижи за реми.
Беласица го совлада Кит Го со 3-1. Зоран Андонов донесе водство за Кит Го во 29.минута, а израмни Александар Коцев од пенал во 36.минута. Коцев беше двоен стрелец откако постигна втор гол во 79.минута од дуелот, а Васил Крстев го потврди триумфот во 90.минута.
Осогово го совлада Братство со 2-0, со головите на Тоше Манов и автоголот на Самет Амедоски. Детонит Јуниор и Кожуф одиграа без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













