Слога Виница продолжува да „гази“ во Втората лига Исток. Виничани денеска го совладаа составот на Победа Прилеп во дербито на колото. Христијан Митревски во третата минута обезбеди предност за Слога, Победа израмни преку Бојан Спиркоски во 21.минута, а победничкиот гол го даде Андреј Коцевски во 90.минута.
Васил Крстев и Васко Глигоров донесоа триумф (1-2) за Беласица на гости против Кожуф во Гевгелија. Стефан Терзиев беше стрелец за домашниот тим.
Кит Го беше убедлив на гости против Братство и славеше со 0-4. Михаил Маневски погоди во десеттата минута, а во второто полувреме во листата на стрелците се запишаа и Зоран Андонов, Леон Цуцковски и Бобан Ангелов.
Каменица Саса славеше против Детонит Јуниор со 1-0, со голот на Ненад Нешовски во 25.минута.
Осогово и Локомотива одиграа 2-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













