Connect with us

Втора лига Исток: Победа Прилеп убедлива, Кит Го го победи Кожуф

Победа Прилеп ја оствари најубедливата победа во петтото коло од Втората лига Исток, совладувајќи го Осогово со 6-0. Се беше решено уште по првото полувреме, не минаа ни десетина минути, а Победа водеше со три гола разлика.


Бојан Спиркоски погоди во четвртата минута, Антонио Бошески погоди две минути подоцна, а Петар Најдов во осмата минута зголеми на 3-0. Четвртиот гол беше дело повторно на Антонио Бошески во 29.минута. Во 77.минута и Бојан Спиркоски дојде во својот втор гол на овој меч, а Давид Јошески стрелаше за 6-0.

Каменица Саса излезе како победник (0-1) во дербито против Беласица во Струмица. Дарко Алесовски во 38.минута го постигна голот за важни три бода.

Кит Го го совлада Кожуф со 1-0, со голот на Бобан Ангелов во 89.минута. Локомотива исто така славеше со 1-0 против Братство со голот на Бесмир Даци во 90.минута.

Слога Виница го претрпе првиот пораз откако загуби од Детонит со 2-1. Иван Митров во 25.минута постигна водечки погодок за виничани, но по исклучувањето на Ѓорѓи Јовановски, Детонит израмни од пенал преку Ѓоксен Лиманов во 81.минута, а пет минути подоцна Горан Стојанов донесе триумф за тимот од Радовиш.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови