Прилеп се враќа на прволигашката карта. Победа го совлада Пехчево со 2-0 и го чекаше крајот на мечот во Струмица меѓу Беласица и Слога Виница. Струмичани „помогнаа“ со триумф од 1-0, секако играјќи за себе и пласман во бараж за елитата, а тоа ја одведе Победа во прволигашкото друштво.
Филип Стомнароски го постигна водечкиот погодок за Победа, а на 2-0 зголеми Филип Димоски.
Беласица ја победи Слога Виница со 1-0, со голот на Стефан Сулев во 11.минута од дуелот.
Кожуф славеше на гости против Каменица Саса со 0-1, со голот на Никола Костадинов во 80.минута.
Осогово и Детонит Јуниор ремизираа 1-1, а Локомотива и Братство одиграа 2-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













