Фудбалерите на Кит Го му обезбедија на Трајче Сенев пријатен камбек на тренерската клупа откако го совладаа Детонит со 4-1. Давид Бошевски и Леон Цуцковски осигураа преднпост од два гола по првиот дел, Тони Мичковски го постигна третиот гол за Кит Го, а потоа Детонит возврати преку Сердар Адемов. Конечниот епилог го постави Љупчо Јанкулов.
Беласица се лизна на гости кај Братство и одигра само 1-1. Александар Коцев од пенал стрелаше за струмичани во 39.минута, но Братство израмни со голот на Еркан Шаип во 69.минута.
Победа славеше на гости во Гевгелија против Кожуф со 0-2. Бојан Спиркоски од пенал во 30.минута донесе водство, а Давид Јошески во вториот дел го потврди триумфот на гостите.
Каменица Саса со голот на Дејан Ангов ја совлада Локомотива со 1-0, а и Иван Митров од пенал донесе три бода за Слога Виница на дуелот против Осогово (1-0).
ВТОРА ЛИГА ИСТОК – 2.КОЛО, РЕЗУЛТАТИ
БРАТСТВО – БЕЛАСИЦА 1-1
КИТ ГО – ДЕТОНИТ 4-1
КОЖУФ – ПОБЕДА 0-2
КАМЕНИЦА САСА – ЛОКОМОТИВА 1-0
СЛОГА ВИНИЦА – ОСОГОВО 1-0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













