Connect with us

Втора лига Исток: Кит Го сака триумф, Беласица и Слога исто така

Кит Го сака триумф на домашен терен против Кожуф во еден од најинтересните натпревари од денешното коло во Втората лига Исток. Тренерот Трајче Сенев верува дека неговиот тим ќе се претстави во добро издание.

„Мислам дека од натпревар на натпревар екипата игра се подобро. Младите фудбалери веќе се поотворено го демонстрираат својот квалитет. Сега не очекува натпревар во Пехчево против Кожуф на кој верувам ќе играме ефикасно. Јасно е дека не чека тежок дуел, против сериозен противник но знам дека нема да разочараме и секако желбата се три бода“, вели Сенев.

Беласица ќе биде домаќин на Каменица Саса, а лидерот Слога Виница оди на гости кај Детонит. Победа во Прилеп ќе го пречека Осогово.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови