Кит-Го ја продолжи фантастичната серија резултати во Втората лига – Исток, откако тимот од Пехчево ја забележа и шестата победа во низа, овојпат на гостувањето против Осогово. Оваа екипа покажа карактер, долго се мачеше да го скрши отпорот на второлигашот од Кочани, но на крајот успеа во тоа благодарение на голот на Ступиќ во 90. минута.
Дербито на колото се одигра во Гевгелија, каде Кожув загуби од лидерот Беласица со 1-2. Домашниот состав прв поведе преку Трајчевски во 7. минута, а само три минути подоцна Беласица израмни преку Стефан Сулев. Клучен момент на мечот беше 63. минута, кога Марков го матираше голманот на Кожув и им донесе огромна радост на струмичани, кои со овие три бода остануваат на чело на табелата.
Тиквеш се мачеше да стигне до триумф на гостувањето против Питу Гули, но на крајот успеа да ја оствари зацртаната цел, благодарение на голот на Скендери во 88. минута.
Резултати: Кожув – Беласица 1-2, Осогово – Кит-Го 1-2, Питу Гули – Тиквеш 0-1, Плачковица – Победа 0-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова
Втора лига
Брегалница и Детонит ремизираа без голови













