Connect with us

ВТОРА ЛИГА ИСТОК: Брегалница и Тиквеш немаат конкуренција

Брегалница и Тиквеш немаат сериозна конкуренција кај останатите тимови во Втората лига Исток. Штипскиот тим со 6-1 го совлада Росоман, а Тиквеш со 3-0 славеше над Каменица Саса. 

Андреј Кудијан постигна хет – трик за Брегалница, а во листата на стрелците се запишаа и Мартин Стојанов и Љупче Кудев двапати. Единствениот гол за Росоман беше дело на Бранко Андонов. 

Тиквеш исто така имаше расположен фудбалер кој постигна хет – трик. Напаѓачот Симеон Христов стрелаше во 31., 37. и во 78. минута – од пенал.

Кожуф со 2-1 го совлада тимот на Кит-Го. Ангел Кочев и Ники Зумровски го неутрализираа водечкиот гол на гостите што го постигна Дарко Алексовски. 

Даниел Иванов и Антонио Бујчевски обезбедија триумф од 2-0 за Слога Виница против Победа. Осогово и Плачковица ремизираа, 1-1. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови