
Брегалница по триумфот во првото коло на домашен терен денеска патува за Новаци и ќе се сретне со тимот кој можеби го направи и најголемото изненадување на стартот победувајќи го Детонит Плачковица со 2-4 во Радовиш. Ова дефинитивно ќе биде еден од најинтересните натпревари од второто коло во Втората фудбалска лига, кое е закажано за денеска од 16 часот.
„Ние на секој натпревар влегуваме со 100%. Нема потценување на било која екипа, така ќе биде и против Новаци. Но, секако ние ќе го дадеме максимумот и ќе одиме да ги донесеме трите бода во Штип“, изјави младиот дефанзивец Благој Хаџи-Кимов.
Вардар Неготино исто така имаше успешен старт, а денеска на домашен терен ќе ја пречека Беласица. Интересен ќе биде и дуелот меѓу Охрид Лихнидос и Аресими.
Победа е домаќин на Борец, а Каменица Саса ќе се сретне со Детонит Плачковица. Вардарски на домашен терен ќе игра против Кожуф, а Осогово ќе има дуел против ФК Скопје.
Утре се игра натпреварот меѓу Башкими и Македонија ЃП.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 2. КОЛО (ДЕНЕСКА, 16 ЧАСОТ)
НОВАЦИ – БРЕГАЛНИЦА
ВАРДАР НЕГОТИНО – БЕЛАСИЦА
ОХРИД ЛИХНИДОС – АРЕСИМИ
ПОБЕДА – БОРЕЦ
КАМЕНИЦА САСА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
ВАРДАРСКИ – КОЖУФ
ОСОГОВО – ФК СКОПЈЕ
БАШКИМИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (УТРЕ, 16 ЧАСОТ)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
