Брегалница е нов лидер во Втората фудбалска лига откако успеа да го победи Вардарски со 1-2. Во првата минута домаќинот дојде во водство со голот на Стефан Терзиев, но Брегалница направи пресврт во вториот дел. Давид Калпачки и Рејан Абази донесоа триумф за штипскиот тим.
Македонија ЃП не успеа да слави втор меч по ред. „Лавовите“ одиграа реми без голови на гости кај Новаци.
Аресими ја совлада Победа на гости со 1-2 и сега е на второто место. Албин Рамадани и Бесарт Реџепи беа стрелци на головите за Аресими.
Кожуф исто така ремизираше, играјќи 1-1 против ФК Скопје на „Автокоманда“.
Башкими и Беласица во Куманово исто така ремизираа 1-1.
ГФК Охрид со 1-0 го победи Вардар Неготино, а Детонит Плачковица на гости го совлада Осогово со 1-3. Каменица Саса пред своите гледачи славеше против Борец со 2-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













