Сабота е ден најчесто резервиран за второлигашките возбудувања. Денеска се игра 25.коло во кое лидерот Беса ќе има гостување кај Арсими. Тимот на Александар Таневски сигурно чекори кон пласманот во елитата.
Веднаш зад Беса е и Пелистер кој исто така цврсто ја чува втората позиција која носи пласман во Првата лига. „Зелените“ денеска се домаќини на Охрид Лихнидос.
Детонит Плачковица заостанува веќе сериозно, но е прв конкурент за баражот. Денеска радовишани на домашен терен ја пречекуваат Беласица во регионалното дерби.
ФК Скопје на „Автокоманда“ ќе го пречека Тетекс, Вардар Неготино е домаќин на Башкими, а Караорман се среќава со Победа.
Кожуф во Гевгелија ќе го нагости Осогово, а Каменица Саса ќе игра против Новаци.
Натпреварите од Втората лига се закажани со почеток од 16 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













