Лидерот Беса се „сопна“ во минатото коло во Струмица, па сега сигурно ќе сака да се врати на победнички патеки. На гости на тренерот Александар Таневски и неговите фудбалери им доаѓа Новаци.
Пелистер исто така има релативно лесна задача, но и ќе мора да ја исполни целта. Во Битола ќе допатува Каменица Саса, последнопласираниот тим на табелата.
Детонит Плачковица има сосема поинаков предизвик. Тимот од Радовиш го чека тешко гостување кај Арсими.
Охрид дома ќе ја пречека Победа, а Башкими се среќава со Осогово.
На Автокоманда, ФК Скопје е домаќин на Кожуф, додека Тетекс ја пречекува Беласица.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 18.КОЛО (денеска, 14 часот)
Пелистер – Саса
Беса – Новаци
ФК Скопје – Кожуф
Охрид – Победа
Арсими – Детонит
Башкими – Осогово
Тетекс – Беласица
Вардар Неготино – Караорман
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













