Connect with us

Втора лига: Беса и Пелистер сигурни, Детонит повторно „киксна“

Лидерот Беса експресно се врати на победнички колосек во Втората лига. Тимот од Добри Дол славеше со 2-0 против Новаци, со головите на Албан Таипи и на Изаир Емини.

Пелистер исто така со 2-0 победи против Каменица Саса. Благоја Љамчевски и Михаил Талевски беа стрелци за „зелените“ во второто полувреме од дуелот.

Детонит Плачковица се сопна и загуби на гости против Арсими со 2-1. Аљбан Мемеди во 23.минута го доведе гостинот во водство, но Арсими одговори преку Арџент Гафури.

Беласица го победи Тетекс на гости со 1-2, а Башкими славеше против Осогово со 2-0. Охрид минимално го победи составот на Победа со 1-0.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови