Connect with us

Втора лига: Беласица го освои Штип, Шкендија Арачиново со пресврт славеше во Неготино

Во 12. коло на Втората МФЛ имаше возбудливи резултати, а на лидерската позиција се зацврсти Шкендија Арачиново откако со пресврт го совлада Вардар Неготино со 1-2. Неготинчани поведоа и долго ја држеа предноста, но во завршницата Шкендија притисна – Дарио Десниќ израмни, а Љупче Трпески го постави конечниот резултат во 96. минута.

Во источното дерби, Брегалница Штип загуби од Беласица со 0-1. Штипјани создадоа повеќе шанси, но не ги искористија, а во 81. минута Костадин Капсаров реализираше за победата на Беласица.

Охрид ја продолжи одличната серија со петта победа по ред, совладувајќи го Скопје минимално со 1-0.

Новаци забележа убедлив триумф од 4-0 над Слога Виница. Детонит Плачковица успеа да се врати од два гола негатива и да одигра реми со Саса во Македонска Каменица, 2-2.

Тетекс го одбрани домашниот терен и ја запиша четвртата победа сезонава со минимален триумф од 1-0 против Победа.

Во дуелот на екипите од дното, Преспа славеше со 4-2 над Големо Коњари во ефикасен натпревар.

Натпреварот меѓу Кожуф и Осогово заврши без голови, 0-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови