
Сагата со регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор во составот на Барселона за втората половина од сезоната треба да заврши во текот на денешниот ден. Каталонците имаат време до крајот на денот за да ги регистрираат двајцата играчи до летото. Нивната жалба за регистрацијата на офанзивните играчи вчера беше одбиена, а сега сè е во рацете на Ла Лига, пишува „Мундо Депортиво“.
Клубот ги испратил сите документи за продажбата на ВИП местата на „Камп Ноу“ и сега чекаат одговор. Ла Лига сака да се увери дека договорот е загарантиран пред регистрацијата на двајцата фудбалери.
Од Ла Лига бараат авансно плаќање за да се избегнат непријатни ситуации. Доколку Ла Лига ги прифати документите на Барселона, тоа ќе овозможи каталонците да ги регистрираат Олмо и Виктор.
„Мундо Депортиво“ дополнува дека бордот на директори на Барселона досега не размислувал за вложување на сопствени средства за да ја гарантира регистрацијата на двајцата играчи, но ако е потребно, се подготвени да го сторат тоа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal