Connect with us

Воска Спорт го врати Раде Цицмиловиќ

Амбициозниот второлигаш Воска Спорт и Раде Цицмиловиќ повторно ќе соработуваат. Иако пред три седмици дојде до разделба, сепак, по поразот на охридскиот тим од Гостивар на домашен терен, сепак, склучена е нова соработка.

Натпреварите против Тетекс и против Гостивар ги предводеше младиот стратег Даниел Стојановски, но очигледно дека е потребна малку „поцврста рака“.

Воска Спорт во битката за второто место во Втората лига Запад сега има само еден бод предност пред Вардар. Засега неприкосновено на врвот е тимот на Силекс.

Составот на Воска Спорт го очекува гостување кај Кораби во Дебар, а потоа и дерби натпреварите против Вардар и Силекс на домашен терен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови