Дербито во Втората лига меѓу Воска Спорт и Вардар ќе се одигра в недела пред празни трибини. Откако првично беше соопштено дека не е дозволено присуство на гостински навивачи, одлука на која негодуваа „Комитите“, Воска соопшти дека нема да има ниту домашни, ниту гостински навивачи.
„Ги известуваме сите љубители на фудбалот, особено оние на ФК Воска Спорт дека натпреварот од 25. коло в недела против Вардар ќе се одигра без присуство на публика. Ваквата одлука е донесена поради безбедноста на натпреварот кој нашата локална полиција го прогласи за меч од висок ризик.
Да не го ризикуваме здравјето на секој гледач, како екипа решивме натпреварот да го играме без навивачи.
На натпреварот кој ќе се одржи на стадионот „Билјанини Извори“ од двете екипи ќе бидат присутни само по 10 лица.
Со оглед дека ФК Воска Спорт ќе ги преземеме сите безбедносни мерки за одигрување на овој меч, се надеваме дека ќе помине во рамките на фер-плејот“, се вели во соопштението на второлигашот од Охрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ