
Воска Спорт доби казна од девет бода од Дисциплинската комисија на ФФМ по скандалот со недоигрувањето на натпреварот со Вардар (1-1), а сега кога веќе е извесно дека клубот ќе испадне во второлигашка конкуренција, од Охрид доаѓаат информации за нов можен скандал. Воска Спорт размислува за комплетно напуштање на лигата.
Охриѓани не сакаат да учествуваат во Првата лига, сопственикот Нефи Усеини доби двегодишна забрана за бавење со фудбалот, исто и тренерот Клодиан Арбри, па тие и немаат некои големи мотиви клубот да продолжи да се натпреварува.
Воска Спорт не е клуб со некоја огромна традиција, но доколку го напушти натпреварувањето во Првата лига, тоа ќе значи и автоматско исфрлање во најнизок ранг.
Во моментов, по одлуката за одземање на девет бода, Воска Спорт има 14 бода и е во негатива од десет бода во однос на најблиските конкуренти, Беса и Брера.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal