Арсенал загуби на „Емирати“ од Вулверхемптон со 1-2 и продолжи со лошиот тренд во Премиер-лигата. Тимот на Микел Артета повторно имаше проблеми во одбраната, а „волците“ тоа знаеја да го казнат.
Педро Нето во 27.минута ги доведе гостите во водство, но само три минути подоцна израмни Габриел. Кон крајот на првиот дел Даниел Поденс искористи уште едно невнимание во одбраната на Арсенал и по вторпат ја затдесе мрежата на Бернд Лено. „Топчиите“ немаа одговор до крајот на мечот.
На самиот старт, по еден жесток дуел и судир со главите настрадаа Раул Хименез, кој беше изнесен на носилки на теренот, и Давид Луиз, кој издржа до полувремето и потоа беше повлечен од игра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













