Connect with us

„Војната“ меѓу Бетис и Севилја заврши мирољубиво (ВИДЕО)

Градската пресметка меѓу Бетис и Севилја секогаш наликува на „војна“. Така беше и вечерва на „Бенито Вилјамарин“, а на крајот ривалите ги поделија бодовите играјќи 1-1.

Три црвени картони, безброј груби стартови, неверојатна енергија и прекрасен гол на Немања Гудељ.

Бетис поведе со автоголот на Хесус Навас, откако претходно Монтиел беше исклучен во гостинскиот тим.

Пред одморот црвен картон заработи и Набил Фекир, а од 49.минута Бетис играше и со деветмина поради искучувањето на Борха Иглесијас.

Севилја успеа да израмни во 82.минута, со фантастичниот гол на Немања Гудељ со шут од преку 30 метри.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови