Победа и Вардар и кога се во втора лига се големи ривали, а публиката во Прилеп е темпераментна и посебно ги „мрази“ скопските „црвено-црни“. Така беше и на денешниот пријателски натпревар на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Стојкоски го доведе Вардар во водство, а Ангеловски израмни од слободен удар за конечни 1-1. Но, многу повеќе внимание предизвикаа последните моменти од мечот, кога Пеев направи фаул, а прилепската публика со шишиња и разни предмети ги нападна гостинските фудбалери. Поради ова, и предвреме заврши мечот, скратен за судиското продолжение за да се избегнат непотребни сцени.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













