
Македонија Ѓорче Петров ја пречекува Брегалница во еден од најинтересните натпревари од денешното 27.коло во Првата фудбалска лига. „Лавовите“ се залетани и имаат амбиции за Европа, сакаат да се искачат уште позиција или две погоре, каде што сега се наоѓаат Шкендија и Академија Пандев. Тимот на Муарем Бајрами денеска (16 часот) во Ѓорче Петров ја пречекува Брегалница и посакува нов триумф.
Академија Пандев го задржа Ѓорге Стојчев на клупата и ќе се обиде да се врати во победнички ритам на дуелот против Пелистер во Струмица, а Шкендија има потешка задача, ќе го игра тетовското дерби против Ренова.
Лидерот Шкупи на домашен терен ќе го пречека Борец, а Струга Трим Лум е домаќин на Скопје. Ова е можеби и последна шанса за гостите со триумф крај езерото да ги зголемат шансите за избегнување на баражот.
Првиот натпревар од 27.коло е закажан за 14 часот. На Националната арена „Тодор Проески“, Работнички ќе го пречека Тиквеш. И двата тима доаѓаат по победите во претходното коло и сакаат да ја продолжат низата.
ДВОЈКИ ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА, 27.КОЛО
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ (14 Ч.)
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА (16 Ч.)
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР
ШКЕНДИЈА – РЕНОВА
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СКОПЈЕ
ШКУПИ – БОРЕЦ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
