Беласица „киксна“ на гостувањето против Братство, одигра само 1-1 иако беше голем фаворит пред мечот, но тренерот Александар Стојанов вели дека тоа сепак не треба да донесе големо разочарување во струмичкиот тим, затоа што првенството во Втората лига Исток тукушто започна.
„Не смееме да бидеме незадоволни од првите две кола каде што освоивме четири гостински бодови и тоа на терени каде што е тешко да се оди, а не да се игра фудбал. Пред се честитки на домаќините за освоениот бод. Одиграни се само две кола и секако дека нема простор за разочарување, стартот е успешен“, анализира Александар Стојанов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













