
Францускиот второлигаш Шамбли е новиот клуб на Влатко Стојановски, кој реши да си замине на позајмица од Ним откако не доби доволно шанси за докажување во овој прволигаш. Интерес за македонскиот напаѓач покажаа неколку екипи, но на крај изборот падна врз Шамбли, откако челниците на Ним ја прифатија понудата за едногодишна позајмица, со опција за целосен откуп на договорот наредното лето.
Стојановски се пресели во Ним од таборот на Ренова, во трансфер вреден 1,5 милиони евра. Сепак, македонскиот репрезентативец не доби доволно шанса да ги покаже своите квалитети, настапи на шест прволигашки натпревари, а единствените два погодоци ги постигна во лига-купот на Франција.
Шамбле е тим што ланската сезона ја заврши на десеттото место во втората француска лига, а за сезонава најавува атак на повисок пласман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal