Душан Влаховиќ денеска одби да изведе пенал за Фиорентина против Каљари и покрај тоа што тренерот и соиграчите го повикаа. Ова беше прв натпревар на Србинот на стадионот “Артемио Франки” откако клубот објави дека нема да потпише нов договор, а се верува дека играчот се залага за трансфер далеку од Фиренца.
Имаше загриженост како навивачите на “виолетовите” ќе се справат со ситуацијата и очигледно тоа беше главната пречка кога беше досуден пенал за играта со рака на Кеита Балде. Пред натрпреварот, се слушачо скандирање и исвиркување за Влаховиќ, па кога дојде време, Нико Гонзалес му ја подаде топката, но српскиот репрезентативец, не ја прифати.
Обидувајќи се да открие што да прави понатаму, Џакомо Бонавентура го повика капитенот Кристијано Бираги, кој успешно ја испрати топката во мрежата на голманот Терачано. Ова ќе биде уште едно лошо поглавје во спорот за новиот договор меѓу Фиорентина и Влаховиќ, за кого интерес покажуваат Јувентус, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, Тотенхем и Ливерпул.
Фиорентина го совлада Калјари со 3-0, а Верона го изненади Лацио и славеше со 4-1, а покер голови постигна Џовани Симеоне.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal