
Српскиот интернационалец Душан Влаховиќ е најплатениот фудбалер во Серија А. „Старата дама“ за неговиот трансфер издвои 82 милиони евра, а тој неделно инкасира по 250.000 евра. На годишно ниво, тоа е заработка од безмалку 13 милиони евра.
На второто и третото место на листата се голманот Војчех Шчешни и стоперот Леонардо Бонучи со плати од 230.000 евра неделно. Следат Лаутаро Мартинез и Марсело Брозовиќ од Интер со 213.000 евра, а исто толку заработува и Бразилецот Алекс Сандро од Јувентус. Зад нив се играчите кои се вратија во Серија А, Ромелу Лукаку и Пол Погба со по 200.000 евра неделно.
На листата на најплатени играчи во Италија, на првите 17 места се фудбалери на Јувентус и Интер.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, во Наполи неделно заработува 36.923 евра, што на годишно ниво изнесува 1.920.000 евра. Нема информации за платата што ја добива Илија Несторовски во Удинезе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
