Connect with us

Влаховиќ го добива најголемиот договор во историјата на Фиорентина

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ се договори за нова соработка со Фиорентина. Најдобриот стрелец на „виолетовите“ наскоро ќе потпише зголемување на платата до 5 милиони евра годишно со сите бонуси, пренесуваат медиумите од Фиренца.


Тоа е шест пати повеќе пари отколку што заработуваше досега. Ваков приход досега немал никој во историјата на клубот од „Артемио Франки“, а претходниот рекорд го држеше Франк Рибери со годишна заработка од 4 милиони евра.

Договорена е и нова клаузула за заминувањето на Влаховиќ на која инсистираа агентите на фудбалерот. Сега таа ќе изнесува 80 милиони евра.

Овој потег на Фиорентина доаѓа откако клубот ги одби сите понуди за српскиот голгетер ова лето. Атлетико понуди најмногу, 70 милиони евра преку бонуси, се споменуваше Тотенхем, претходно Рома, Милан, Јувентус, Интер и Арсенал, но Фиорентина ги одби сите понуди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови