
Александар Влахо и Работнички се разделија. Тренерот понуди оставка, а клубот ја прифати. „Романтичарите“ го загубија мечот со Струга Трим Лум и паднаа на последната позиција на табелата во Првата фудбалска лига и ова е морален чин на шефот на стручниот штаб.
„Како морален чин, како тренер и спортски работник, чувствувам морална одговорност дека Работнички по десет одиграни кола се наоѓа на позиција на табелата која не ја заслужува. Од тие причини, понудив оставка до раководството на клубот. Морам да истакнам благодарност до претседателот Драган Поповски за овозможените услови за работа, за професионалниот, фер и коректен однос со сите во клубот, од раководството, преку фудбалерите до сите вработени. Се надевам дека Работнички брзо ќе излезе од оваа резултатска криза и дека ќе се најде на позициите кои ги заслужува“, изјави досегашниот шеф на стручниот штаб, Александар Влахо, за официјалниот сајт на клубот.
Раководството ја прифати оставката на Александар Влахо и му понуди да остане во клубот со друга функција. Како привремено решение, тимот ќе го предводат Марјанчо Андрески и Славчо Георгиевски.
„Прифатена е оставката на Александар Влахо. Јасно е дека Работнички не ги исполни целите на стартот од сезоната и по десет кола се наоѓа на последната позиција на табелата. Не е виновен само шефот на стручниот штаб за лошите резултати, некогаш и среќата игра голема улога, а и други околности, но тој е првиот што секогаш понесува одговорност. Ценејќи ги професионалните и човечките квалитети на Александар Влахо, Работнички му понуди да остане дел од клубот со функција која допрва ќе биде допрецизирана“, изјави претседателот Драган Поповски.
Работнички в среда му гостува на Шкупи во рамките на 11.коло од Првата фудбалска лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
