Младинскиот репрезентативец на Македонија, Владан Новевски игра во извонредна форма во дресот на Војводина издвојувајќи се како нов лидер на младинскиот тим на црвено-белите од Нови Сад на стартот од новата сезона во Србија.
Војводина триумфираше со 1-4 на гостувањето против Бачка Топола, притоа со хет-трик на македонскиот репрезентативец. Новевски, согласно квалитетите и потенцијалот, во летниот период беше приклучен и на подготовките на сениорскиот состав на Војводина одигрувајќи и неколку пријателски натпревари за првиот тим на новосаѓани.
17-годишниот Владан Новевски неодамна беше дел и од националниот тим до 18 години на турнирот во Чешка каде беше стрелец за Македонија во триумфот од 3-0 против Унгарија.
View this post on Instagram
Omladinci slavili u Bačkoj Topoli 1:4. Najzaslužniji za pobedu bio je Vlada Novevski koji je postigao het-trik, pored njega u listu strelaca upisao se Siniša Nijemčević…
A post shared by Vošini klinci (@vosiniklinci) on Aug 31, 2019 at 11:02pm PDT
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski