Младинскиот репрезентативец Владан Новевски потпиша договор со српскиот суперлигаш Вождовац. Тој стави потпис на верност до 2025 година.
Фудбалерот од средниот ред ја мина фудбалската школа на Војводина.
„Со ангажманот на Новевски, Вождовац како клуб продолжува со праксата на доведување млади и перспективни играчи. Се работи за фудбалер кој има исклучително квалитетни досегашни настапи, и на клупски и на репрезентативен план, па токму поради тоа сме пресреќни со неговиот ангажман“, истакна спортскиот директор на Вождовац, Бојан Леонтијевиќ.
Владан Новевски очекува да направи чекор напред со потписот во Вождовац.
„Го избрав овој клуб затоа што е навистина одлична средина, низ квалитетна работа и силни натпревари, да се афирмирам дополнително и стекнам искуство за натамошен фудбалски развој“, истакна Новевски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski