
Репрезентативецот на Белгија, Аксел Витсел, во пресрет на денешниот дуел против Италија откри дека го одбил Јувентус пред пет години и дека тоа ќе го стори повторно ако може да го врати времето.
Летото 2016 година, искусниот играч за врска беше блиску до Јувентус, но тој реши да замине во Кина шест месеци подоцна, а според сопственото признание, не згрешил.
„Многумина ме прашуваат за тоа, но јас избрав друг клуб и не се обвинувам себеси за тоа. Ако го вратам времето, повторно би го сторил истото”, изјави белгискиот играч за врска.
Тој го пофали четвртфиналниот противник, репрезентацијата на Италија, потенцирајќи дека е подготвен. Посебни пофалби упати за Жоргињо и за Марко Верати кои ќе му бидат и директни ривали на теренот.
Витсел потврди дека Кевин Де Бруин и Еден Азар се чувствуваат добро, но дека селекторот во последен момент ќе одлучи дали ќе бидат на теренот уште од самиот почеток.
Утрешниот натпревар е закажан за 21 часот на „Алијанц арена“ во Минхен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција
