Сопругата на обвинетиот за силување Дани Алвеш, шпанската манекенка Jоана Санз, ги избриша речиси сите заеднички фотографии од двајцата на Инстаграм.
Репрезентативецот на Бразил е уапсен без право на кауција.
Веднаш по обвинението, Јоана го поддржала сопругот, но откако станало јасно дека на долната облека на жртвата останал доказен материјал, таа очигледно го променила ставот.
Санз и Алвеш се заедно од 2015 година, а фудбалерот претходно имаше уште еден брак со Динора Сантана кој траеше само три години.
Девојката која го обвини Алвеш за силување одбила отштета и сака тој да оди во затвор. На фудбалерот, кој во неколку наврати даваше контрадикторни изјави, му се заканува затворска казна од 4 до 12 години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













