Connect with us

Винсен Компани уште пет години на клупата на Барнли

Винсен Компани ќе остане менаџер на Барнли во следните пет години, соопштија од клубот, откако Белгиецот потпиша нов договор. Неговата добра работа не остана незабележана и се шпекулираше дека за него се заинтересирани дури и Тотенхем и Челси кои бараат нови менаџери.


Компани, кој го презеде Барнли минатото лето, ја коментираше веста за новиот договор.


„Од самиот почеток се чувствував добро во Барнли и сега чувствувам дека е правилно да потпишам уште пет години. Заедно со навивачите, „Турф Мур“ повторно го претворивме во тврдина. Продолжуваме да гледаме напред и да работиме за да го направиме Барнли подобар во секој поглед“, изјави Компани.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови