Connect with us

Винисиус Жуниор останува „крал“ до 2027 година

„Навивачите на Реал Мадрид можат мирно да спијат“, пишува „АС“ во денешното издание откривајќи дека шпанскиот гигант го продолжил договорот со својата млада ѕвезда Винисиус Жуниор. Бразилскиот напаѓач беше договорно врзан за Реал до крајот на сезоната 2023/2024, а со продолжување на договорот е договорена и потпишана соработка до летото 2027 година.
Реал го чекаше Винисиус да го прослави 18. роденден за да ги почитува правилата за минималната старосна граница за трансфери на фудбалери од странство. За него плати 46 милиони евра и со потврдувањето на трансферот на 12 јули 2018 година го собори клупскиот рекорд за доведување играчи до 19 години.
За четири години, Вини Жуниор одигра 187 натпревари, постигна 44 гола и забележа 48 асистенции, а сега има вредност од најмалку 120 милиони евра.
Според досегашниот договор Винисиус Жуниор играше за плата од три милиони евра по сезона, а сега ќе заработува приближно осум милиони евра годишно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови