Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, одбил неверојатна понуда од Саудиска Арабија. 24-годишниот офанзивен фудбалер добил понуда за годишна плата која повеќекратно ја надминува неговата заработка во шпанската престолнина. Тој дури требало да стане рекламно лице на саудиската лига.
„Ако заминам, тоа значи дека ќе победат оние кои се залагаат за расизмот во Шпанија“, изјави Винисиус Жуниор.
Сепак, Бразилецот ја одбил можноста, при што неговите претставници соопштиле дека тој нема желба да ја напушти Европа и има долгорочни планови со Реал Мадрид.
Репрезентативецот на Бразил пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2018 година. Има одиграно 264 натпревари и постигнато 83 гола во сите натпреварувања за Реал. Освои три титули во Ла Лига и Суперкупот на Шпанија, двапати славеше во Лигата на шампионите, еднаш во Купот на кралот и во Суперкупот на Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













