Connect with us

Винисиус Жуниор ги стопираше преговорите со Реал до завршувањето на Светското првенство

Бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор одлучи да ги стопира сите преговори со Реал Мадрид за нов договор сè до завршувањето на Светското првенство во 2026 година.

Реал Мадрид има сериозен проблем со Винисиус Жуниор. Бразилскиот напаѓач не сака да ги прифати понудените услови за нов договор и бара поголема плата.

„Кралевите“ му нудат само мало зголемување на приходите, околу 20 милиони евра годишно, додека Винисиус смета дека заслужува многу повеќе. Тој и неговиот тим бараат клубот да го изедначи со Килијан Мбапе, кој заработува нешто над 30 милиони евра годишно. Реал на тоа не се согласува, па преговорите се стопирани.

„Винисиус Жуниор нема да преговара со Реал Мадрид за нов договор сè до завршувањето на Светското првенство“, јавува „ЕСПН Бразил“.

Многумина се убедени дека Винисиус ќе го напушти Реал. „Кралевите“ и претходно се ослободувале од големи ѕвезди, па нема да биде изненадување ако Бразилецот заврши на трансфер-листата.

Винисиус одамна се поврзува со премин во Саудиска Арабија, каде се подготвени да го направат најплатен фудбалер во светот.

Неговиот договор со Реал важи до јуни 2027 година, но сè укажува дека следното лето ќе игра во друг клуб. Саудиска Арабија е финансиски најатрактивната опција, но се верува дека Вини, со 25 години, сè уште сака да остане во Европа на највисоко ниво.

Реал ја купи бразилската ѕвезда од Фламенго во 2018 година за 50 милиони евра, инвестиција која се исплатеше бидејќи Вини стана еден од најдобрите фудбалери во светот.

Во дресот на Реал, досега има одиграно 341 натпревар, постигнувајќи 111 голови и 90 асистенции.

Следната сезона ќе биде многу интересна за следење, бидејќи тоа ќе биде последната година од неговиот договор и, доколку не се договори трансфер или нов договор, клубот може да остане без пари од негов трансфер. Вини веќе за една година може слободно да преговара со други клубови, а многу клубови би сакале да го видат во своите редови, но малку од нив се подготвени да му понудат плата од 30 милиони евра годишно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови