Connect with us

Винисиус Жуниор добива „кралска“ плата со новиот договор во Реал Мадрид

Раководството на Реал Мадрид подготви нов и многу подобар договор за бразилскиот ас. Винисиус досега заработуваше околу 3,5 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе има годишна плата од 10 милиони евра.


Единствената недоговорена точка за нов „дил“ е времетраењето на договорот. Претставниците на играчот и раководството на Реал Мадрид треба финално да се договорат дали ќе биде со важност до 2026 или до 2027 година.


Бразилецот Винисиус Жуниор (21) зад себе ја има една од најдобрите сезони во кариерата. На патот до титулата шпански првак за Реал Мадрид тој постигна 17 гола и дури 13 пати им асистираше на соиграчите.


Покрај тоа, тој го постигна и победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул, со што Реал по 14-ти пат стана европски шампион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови