
Реал Мадрид оствари драматична победа од 1-2 против Валенсија на „Месталја“ во заостанатиот натпревар од 12. коло во Ла Лига. Во натпревар исполнет со тензија и возбудувања, „кралевите“ успеаја да се вратат и да дојдат до три бода, и покрај играњето со фудбалер помалку во завршницата.
Валенсија прва дојде до водство преку Хуго Дуро, кој со прецизен удар ја матираше одбраната на Реал Мадрид. Домаќините имаа контрола во првиот дел, но Реал покажа зошто е на врвот на табелата, притискајќи постојано во второто полувреме.
I don’t think VINI deserved that red card today pic.twitter.com/5O9EnC3nyS
— Tribinal la (@jkhadafie14) January 4, 2025
Изедначувањето стигна во 85. минута, кога Лука Модриќ ја искористи грешката на одбраната на Валенсија и постигна гол за 1-1. Решавачкиот момент се случи во 95. минута, кога Џуд Белингам, со мајсторски удар, го донесе победничкиот гол и ја завери победата на својот тим.
Натпреварот беше одбележан и со инцидентот на Винисиус Жуниор, кој во 80. минута доби директен црвен картон. Напаѓачот на Реал влезе во конфликт со македонскиот голман Столе Димитриевски, што доведе до прегледување на ситуацијата преку ВАР и негово исклучување. Винисиус подоцна се извини на своите соиграчи преку социјалните мрежи:
„Простете ми и благодарам, екипо!”
Perdon y gracias equipo!!!!!! ✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾
— Vini Jr. (@vinijr) January 3, 2025
Со оваа победа, Реал Мадрид се искачи на првото место со 43 бода, два повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид, кој има натпревар помалку, и пет повеќе од Барселона.
„Кралевите“ продолжуваат со својата импресивна форма и ја задржуваат својата предност во трката за титулата.
Следните натпревари ќе бидат од клучно значење, особено со оглед на евентуалната суспензија на Винисиус Жуниор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal