Барселона продолжува со лоши резултати во Ла Лига, откако загуби на домашен терен од Вилјареал со 3-5. Неверојатеч меч одиграа двете екипи на „Монжуик“, исполнет со пресврти и многу голови. Во финишот, триумфот го грабнаа гостите од Вилјареал.
Жерар Морено во 41.минута донесе предност за Вилјареал на полувремето. Илијас Акомах зголеми на 0-2 во 54.минута, а потоа Илкај Гундоган (60.) и Педри (68.) израмнија на 2-2.
Ерик Баи во 71.минута си постигна автогол и Барса направи пресврт, но потоа дојдоа минутите за Вилјареал. Гонасло Гуедеш во 84.минута донесе ново израмнување (3-3), а Вилјареал дојде со головите на Сорлот и на Моралес во 99. и во 101. минута од дуелот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal